Андов: Камчев утре ќе биде тестиран за коронавирус

Од:

Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, ги потврди информациите дека од страна на Кривичниот суд е добиен допис со поднесок од адвокат на Јордан Орце Камчев во кој се наведува дека тој е во лоша здравствена состојба со симптоми на коронавирус.

„Притвореното лице Јордан Камчев врз основа на издаден специјалистички упат од затворскиот лекар и согласност од судија дадена на 1.11.2021 година требаше да биде спроведен на контролен специјалистички преглед. Тој го одби спроводот и напиша писмена изјава, која е доставена до судијата. На 4.11.2021 година добиен е допис од судот со прилог поднесок од неговиот адвокат во кој се наведува дека притвореното лице е во лоша здравствена состојба со симптоми на Ковид-19, а во прилог е доставено медицинско мислење. Во дописот до судијата се бара да биде извршен преглед и мислење за здравствената состојба на притвореното лице кое од негова страна беше одбиен за што исто така напиша писмена изјава и е информиран судијата. Врз основ на тврдењата на медицинското мислење дека е заболен од Ковид-19 доставено е барање за тестирање во Центар за јавно здравје, информиран е судија, кој даде согласност и истото ќе се реализира рано наутро во текот на утрешниот ден“, вели Филип Аднов, директор на затворот „Скопје“ во Шутка.

Пред три недели, бизнисменот Камчев притворен поради опасност во бегство и обвинет во случајот „Плацеви на Водно“ кој се суди, одби прегледи на Клиниката за кардиологија. Тогаш, Кривичен суд одобри кардиолошки испитувања, но тој не сакаше да оди бидејќи не се во приватна клиника. Неговите адвокати, реагираа дека Орце Камчев има право да одлучи каде ќе се лекува.

Би можело да ве интересира

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

Орце Костов

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов