Зверев подобар од Федерер во финалето во Монтреал

Од:

Германскиот тенисер Александер Зверев е победник на „Роџерс куп“ во Монтреал, дел од Мастерс серијата.

Зверев во финалето неочекувано брзо и лесно го совлада Рожер Федерер во два сета со 6:3 и 6:4 во меч кој траеше само 68 минути.

Со ова Германецот ја прекина низата на Федерер од 16 победи во финалните мечеви сезонава, нанесувајќи му го на Швајцарецот само третиот пораз во 2017 година.

За Зверев ова е петта титула годинава и вкупно шеста во кариерата. Тој во 2017 година победи на турнирите во Монпеље, Минхен, Рим, Вашингтон и Монтреал, додека го загуби само финалето во Хале и тоа од Федерер.

Би можело да ве интересира

Зверев разочаран: Фрустрирачки – ова ми се случи првпат во кариерата

Алкараз: Секој меч со Зверев е голема битка

Горан Наумовски

Зверев повторно e обвинет за семејно насилство: Сега е обвинет од жената со која има дете

Зверев го скрши жилавиот Јари, Агут го нокаутира Медведев

Зверев исфрлен од турнирот во Акапулко

Ана Ололовска

ВИДЕО: Зверев со рекет тргна кон судијата по изгубен меч

Ана Ололовска