Центарот на Цибона, Лука Зориќ е избран за најкорисен кошаркар во основниот дел од сезона во регионалната АБА лигата, објавено е на официјалниот веб сајт на балканското натпреварување.
Зориќ имаше највисок индекс на корисност – 23,24 со просек од 19,7 поени, седум скока, 1,6 асистенции и 1,1 блок по натпревар.
Тој ја доби наградата пред центарот на Морнар, Урош Луковиќ (индекс 20.9) и членот на Партизан Најџел Вилијамс-Гос (20.3).
Претходно, Џенан Муса од Цедевита беше прогласен за најдобар млад играч.