Норвешка заврши на прво место во освоените медали на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Скандинавските натпреварувачи освоија вкупно 39 одличја – 14 златни, 14 сребрени и 11 бронзени.
Ова е нов рекорд , досега го држеа САД со 37 медали освоени на Игрите во Ванкувер пред осум години.
На последниот ден од ЗОИ, утринава Марит Бјорген победи на 30-километарската трка крос кантри класичен стил.
Во пласманот на медалисти Германија заврши на второ место со 31 медал од кои 14 златни медали.
Канада се рангираше на третото место со 29 медали, од кои 11 златни.
Вкупно 30 земји освоија медал, 22 од нив се закитија со златно одличје.