ЗОИ 2018: САД ја прекинаа доминацијата на хокеарките на Канада на Олимписките игри

Од:

Светскиот шампион САД го победи бранителот на титулата Канада со 3: 2 (1: 0, 0: 2, 1: 0, 0: 0, 1: 0) по пенали во финалето на Олимпискиот турнир во хокеј на мраз кај дамите.

Канаѓанките, кои победија на последните четири Олимписки игри, од кои три против Американките, беа во серија од 24 последователни победи во ЗОИ.

Двата тима се состанаа во групната фаза, а тогаш „јаворовиот лист“ триумфираше со 2: 1.

Во денешното финале, САД поведе на 26 секунди пред крајот на првиот период при играч повеќе со погодокот на Хилари Најт.

Хејли Ирвинг израмни во вториот дел, а 4:55 минути подоцна Мари-Филип Пулен и донесе предност на Канада.

Американките израмнија во 6:21 минута пред финалната сирена на регуларното време по прецизен шут на Моник Ламуро-Морандо.

До крајот и во продолжението, двете екипи дејствуваа повнимателно и се стигна до пенали. По првата серија од пет настапи резултатот беше 2:2, а при шестиот, Жослин Ламуро Дејвидсон реализира, а Меган Агоста не успеа да ја совлада Меди Руни и САД триумфира, како и пред една година во финалето на Светското првенство исто со 3:2 по пенали.

Руни одигра голема улога во освојувањето на златото, откако имаше 37 одбрани во дуелот.

Пласман, хокеј на мраз, жени:

1. САД

2. Канада

3. Финска

4. Русија

5. Швајцарија

6. Јапонија.

Би можело да ве интересира

Лондон го критикува Пекинг за поддршката на Аргентина за суверенитетот на Фолкландските острови

А1он

По првиот викенд во Пекинг – студ и „брутален“ карантин

Ана Ололовска

Лудвиг ја продолжи германската доминација во санкањето

Ана Ололовска

Џакара донесе прво зимско злато за Австралија по 12 години

Ана Ололовска

Ван дер Пел со олимписки рекорд и злато, легендарниот Крамер само деветти

Ана Ололовска

Кобајаши е наследникот на Фунаки – олимпиското злато на малата скокалница!

Ана Ололовска