ЗОИ 2018: Русија бара под свое знаме да настапи на Свеченото затворање

Од:

Русија испрати официјално барање до Меѓународниот олимписки комитет да им се дозволи на спортистите од ова земја на церемонијата на затворањето да се појават под своето знаме.

Но, за таква одлука може да биде потребно да се почека до последната минута и Русите да бидат подготвени за ова.

Шефот на Руската олимписка делегација Станислав Позднјаков и олимписката вицешампионка во уметничко лизгање Евгенија Медведева барањето го доставија до делегацијата во канцеларијата на МОК и се надеваат одлуката да биде позитивна за нив.

Руските спортисти се натпреваруваа на овие Игри под олимписко знаме како казна за систематското користење на допинг. Така тие немаа право на интонирање на нивната химна при победа.

Ние цврсто веруваме дека сме ги исполниле сите услови кои ни беа поставени, изјави шефот на руската делегација пред новинарите, откако двајцата со Медведева напуштија седиштето на МОК.

Очекувањата се МОК да донесе одлука утре околу 10 часот по македонско време.

Би можело да ве интересира

Лондон го критикува Пекинг за поддршката на Аргентина за суверенитетот на Фолкландските острови

А1он

По првиот викенд во Пекинг – студ и „брутален“ карантин

Ана Ололовска

Лудвиг ја продолжи германската доминација во санкањето

Ана Ололовска

Џакара донесе прво зимско злато за Австралија по 12 години

Ана Ололовска

Ван дер Пел со олимписки рекорд и злато, легендарниот Крамер само деветти

Ана Ололовска

Кобајаши е наследникот на Фунаки – олимпиското злато на малата скокалница!

Ана Ололовска