Зимските олимписки игри во Јужна Кореја се ближат кон крајот, а на претпоследниот ден се случи неправда кон словенечкиот сноубордер Жан Кошир.
Тој во полуфиналето на паралел-слаломот прв ја мина целта, но судиите победата му ја доделија на домашниот натпреварувач Санг Хо Ли.
– Не сакаа ниту да ме сослушаат. Победата му ја доделија на Корејецот иако на снимката се гледа убаво дека јас прв ја поминувам целната линија, изјави Словенецот кој на крајот мораше да се задоволи со бронзата.
Правилата кажуваат дека победник е оној сноубордер кој прв ќе помине низ целта со било кој дел од телото.