ЗОИ 2018: Гизин триумфираше во алпска комбинација, Вон отпадна

Од:

Швајцарката Мишел Гизин ја освои олимписката титула во алпска комбинација на Игрите во Пјонгчанг. Светската вицешампионка Гизин заврши за 2:20.90 минути по трето време во спуст со 1:40.14 минути и солидно возење во слалом за 40.76 секунди. Така таа го освои првиото олимписко одличје во својата кариера.

Среброто го заслужи Микаела Шифрин од САД, која остана на 97 стотинки од секундата зад шампионката. Во Пјонгчанг таа веќе ја зеде титулата во велеслалом, а тоа е вкупно трет олимписки медал во кариерата, по златото во слалом во Сочи 2014. Трета на 1,44 секунда финишираше светската шампионка во комбинацијата Венди Холденер (Швајцарија). Таа беше десетта по спустот, но со најбрзо време во слаломот обезбеди второ олимписко одличје во Република Кореја по среброто во индивидуалниот слалом.

Американската ѕвезда Линдзи Вон, трикратната светска шампионка во дисциплината, беше лидерката по првата трка во спуст, но пропушти врата во слалом и отпадна. Ова најверојатно беше последниот старт на Вон на Олимписки игри. Рагнхилд Мовинкел (Норвешка), која беше втора по спустот, остана четврта во крајниот пласман на 1.73 секунда и не успеа да земе нов медал по сребрените признанија во спуст и во велеслалом во Пјонгчанг.

Ски-алпски дисциплини, комбинација, жени:

1. Мишел Гизин (Швајцарија) – 2: 20.90 (1: 40.14 минута во спуст и 40.76 секунди во слалом)

2. Микаела Шифрин (САД) – 2: 21.87 (1: 41.35 и 40.52)

3. Венди Холденер (Швајцарија) – 2: 22.34 (1: 42.11 и 40.23)

4. Рагнхилд Мовинкел (Норвешка) – 2: 22.63 (1: 40.11 и 42.52)

5. Петра Влахова (Чешка) – 2: 22.99 (1: 42.58 и 40.41)

6. Валери Грение (Канада) – 2: 23.44 (1: 41.79 и 41.65).

Би можело да ве интересира

Јапонија ја одобри кандидатурата на Сапоро за организација на ЗОИ 2030

Јапонија ја одобри кандидатурата на Сапоро за организација на ЗОИ 2030

Ана Ололовска

Жителите на Калгари на референдум ја отфрлија кандидатурата за ЗОИ 2026

Ана Ололовска

Калгари организира референдум за организација на ЗОИ 2026

Ана Ололовска

Милано и Кортина д’Ампецо претенденти за ЗОИ 2026

Ана Ололовска

Торино се повлече од заедничката кандидатура за ЗОИ 2026

Наум Локоски