Штафетата на Велика Британија го освои првото место и златениот медал во трката на 4х200 метри слободно на Светското првенство во пливање во Казањ.
Британскиот состав до првата позиција стигна во последната четврта измена и оствари време од 7:04.33 минути, а зад себе ги остави штафетите на САД и Австралија.
Два златни медала за Австралија денеска донесоа Бронте Кембел и Мичел Ларкин. Кембел победи во трката на 100 метри слободно кај жените со време 52.52 секунди, додека Ларкин беше најбрз во трката на 200 метри грбно кај мажите со резултат 1:53.58 минута.
Во дисциплината 200 метри градно кај жените златен медал освои Камако Ватанабе од Јапонија со време 2:21.15 минути, додека во истата дисциплина кај мажите првото место го освои Германецот Марко Кох со резултат 2:07.76 минути.