Зидан: Заслуживме реми со Борусија, мислам дека и повеќе од бод

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги сподели своите размислувања за ремито со Борусија Менхенгладбах (2:2) во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

– Резултатот зборува многу за карактерот на тимот. Заслуживме нерешено – и дури мислам дека заслуживме повеќе. Ова е многу важен бод. Се разбира, ситуацијата на табелата е тешка, сега сме во иста позиција како и минатата година. Играчите се бореа до крајот и одиграа добро, сигурен сум дека сè ќе остане зад нас, изјави Зидан.

Треба да се обидеме и да се избориме со заморот. Не застанавме, но бевме многу уморни. Тоа е тоа што е. Оваа година ќе биде тешка за сите. Но, денес треба да бидеме горди на резултатот, затоа што зедовме бод во тешко гостување. Да, нешто ни недостасуваше, бидејќи не победивме, но верувавме во нашиот план за игра, се претставивме добро и заслуживме нерешено. Содржината на натпреварот беше добра. Нема лесни средби во групната фаза. Ако играме така, ќе продолжиме понатаму, уверува Зидан.

Реал синоќа се спаси од пораз на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах играјќи 2:2, иако до 87. минута губеше со 2:0.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска