Зидан: Шансите за пласман во финалето остануваат пола-пола

Од:

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, смета дека шансите за пласман во финалето на Лигата на шампионите се подеднакви, како за неговиот тим, така и за противникот Манчестер Сити, по синоќешните 0-0 на првиот полуфинален дуел.

„Резултатот е добар. Иако не постигнавме гол, што ни беше целта истрчавме многу и резултатот е добар. Реваншот ќе биде сличен натпревар и шансите се 50-50 отсто. Роналдо ќе се обидеме да го заздравиме за натпреварот во вторник. И Бензема ја почувствува истата повреда од саботата. Сакаше да продолжи, но не ризикувавме“, истакна Французинот.

На првата средба Реал настапи без својот најдобар фудбалер Кристијано Роналдо кој не беше целосно опоравен од повредата, а од иста причина и Карим Бензема играше само во првиот дел. Дали целосно подготвените Роналдо и Бензема ќе бидат разликата во реванш дуелот на кој на Реал му треба било каква победа за место во финалето, останува да се види во среда (4 мај).

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска