Зидан нов спортски директор на Реал!

Од:

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез во интервју за шпанското радио „Кадена СЕР“ потврди дека славниот француски фудбалски ас Зинедин Зидан е нов спортски директор на „кралевите“. Французинот ќе биде задолжен за трансферите и анализата на тимот.

– Се уште не знаеме кој ќе ни биде нов тренер, но наша желба е овој проект да го води Зидан. Сакаме да бидеме најдобри на светот и сигурен сум дека ќе успееме да го постигнеме тоа – вели Перез.

Иако официјално никој не потврдува, за „Марка“ е јасно дека Жозе Мурињо на кормилото ќе го замени Карло Анчелоти, а високотиражниот весник тврди и дека италијанскиот ас Фабио Канаваро ќе му биде десна рака на се уште актуелниот тренер на ПСЖ.

– Поранешниот дефанзивец на Реал знае како функционираат работите во клубот, го знае шпанскиот фудбал, омилен е кај навивачите и е во одлични односи со сите, особено со Икер Касилјас и Серхио Рамос – се вели во анализата на Марка.

Канаваро фудбалската кариера ја заврши пред две години, а самиот вели дека е подготвен за нови предизвици.

– Ако ме повикаат од Реал, ќе трчам до Мадрид. Веднаш би ја прифатил таквата евентуална понуда – вели Канаваро.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска