Зидан не сака да слушне за Лига Европа: Одиме на победа против Борусија

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан на прес-конференција пред натпреварот од шестото коло од групната фаза во Лигата на шампионите со Борусија Менхенгладбах, одговори на прашањето за негов можен отказ.

По пет кола, Реал е трет во Б-групата со 7 бода.

– Натпреварот против Борусија ќе биде посебен, бидејќи знам со каков квалитет располагаат двете екипи. Сакаме да победиме, да освоиме три бода и да го заземеме првото место. Ова е она што го имаме предвид. Ниту јас, ниту играчите не размислуваме за Лига Европа. Тоа не е опција, не нè засега нас. Дали би бил изненаден да ме отпуштат во случај да не ја поминеме групата? Клубот, како и секогаш, ќе го направи она што смета дека е правилно. Не мислам на тоа, истакна Зидан.

Натпреварот Реал – Борусија ќе се игра утре (9 декември) во Мадрид.

Би можело да ве интересира

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Зидан би можел да седне на клупата на Ливерпул

Винисиус заминува доколку Реал потпише со Мбапе

Предраг Петровиќ

Реал реши да го „казни“ Мбапе, му дава 100 милиони евра помалку од пред две години