Зидан ќе седне на клупата на Реал?

Од:

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез призна дека легендата на светскиот фудбал Зинедин Зидан би можел да биде тренер на кралскиот клуб, јави агенцијата „Макфакс“.

Перез за шпанските медиуми истакна дека доколку пропаднат преговорите со Карло Анчелоти, тогаш Зидан би можел да седне на жешкото тренерско столче.

Претседателот на Реал појасни дека обесштетувањето од 7,5 милиони фунти, кое ПСЖ го бара за Анчелоти не преставува проблем, но доколку преговорите од било која причина не завршат успешно, тогаш тренер на Реал ќе биде Зидан. Перез истакна дека не го загрижува тоа што Зидан нема никакво тренерско искуство, бидејќи, како што рече, Французинот има доволно знаење за да го води тимот во наредната сезона.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска