По убедливата победа на Реал Мадрид со 3-0 во дуелот со градскиот ривал Атлетико на првата средба од полуфиналето во Лигата на шампионите, двајцата тренери на мадридските екипи сметаат дека работата околу пласманот во финалето не е завршена.
– Одлично го одигравме натпреварот, резултатот тоа најдобро го покажува. Сигурен сум дека не е завршено полуфиналето и дека Атлетико ќе ни создаде проблеми на „Висенте Калдерон“. Нема да не зафати еуфорија, имаме уште многу задачи, а и не сме освоиле ништо. Вечерва ќе славиме, а од утре пак на работа, изјави по натпревраот тренерот на Реал, Зинедин Зидан.
Неговиот колега на спротивната страна Диего Симеоне е непоправлив оптимост и верува дека неговите фудбалери можат да направат чудо на реваншот пред своите навивачи.
– Фудбалот е прекрасна игра и се може да се случи. Се уште мислам дека имаме шанси за пласман во финалето. Ќе се обидуваме до самиот крај, до последниот свиреж на судијата. Ние сме Атлетико Мадрид и можеби ќе успееме да го сториме тоа, изјави Симеоне.
Реванш мечот Атлетико и Реал ќе го одиграат следната среда на 10 мај на „Винсенте Калдерон“.