Екипата на Зенит со нова победа во дуелот со португалскиот тим Фереира, го потврди својот пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.
Попладнево во Сенкт Петербург, Зенит славеше триумф над Фереира со 4:2, па со вкупни 8:3 рускиот тим обезбеди пласман во групната фаза приклучувајки им се на екипите на: Арсенал, Базел, Австрија Виена, Шалке и Стеауа.
Вечерва ќе бидат познати последните четири екипи кои ќе играат во групната фаза на Лигата на шампиони, откако ќе се одиграат реванш натпреварите од плејофот.
Во терминот од 20 часот и 45 минути ќе стартуваат средбите: Милан – ПСВ (1:1 прв натпревар), Марибор – Викторија Плзен (1:3), Селтик – Шахтјор Караганди (0:2) и Реал Сосиедад – Олимпик Лион (2:0).