Заврши СП за Томас Дилејни

Од:

Играчот од средниот ред на Данска, Томас Дилејни ќе го пропушти остатокот од Светското првенство поради повреда.

Фудбалерот на Севиља го повреди коленото на натпреварот од првото коло против Тунис и мораше предвреме да го напушти теренот. Деталните испитувања покажале дека повредата е сериозна.

Според првите информации, Дилејни ќе отсуствува од терените најмалку еден месец.

Ова е голем хендикеп за Данска која ремизираше против Тунис, а веќе во сабота ги очекува дуел против актуелните светски прваци Французите. Последен ривал во групната фаза ќе им биде Австралија.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Данска: Подготвени сме да и дадеме Ф-16 на Украина

Ана Ололовска

Данска ќе обучува украински пилоти за Ф-16 авионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Напад во Данска: Запален Куранот, осквернавено турското знаме

Катерина Павлова-Николовска

Двајца српски тинејџери убиени во Данска

Катерина Павлова-Николовска

Големи протести во Данска поради плановите на владата да укине државен празник

Ана Ололовска

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал