Заврши Европското првенство во кајак на диви води во спринт и класик за сениори

Од:

Изминативе четири дена, од 11 до 14.мај, Скопје и Македонија беа домаќини на Европското првенство во кајак на диви води, на кое учествуваа 70 натпреварувачи од 18 држави.

Првите два дена се одржаа натпреварите во „класик“ на реката Вардар од „Мостот на Обединети Нации“ до стара градска плажа (кај КК ИЛИНДЕН 90 СКОПЈЕ).

На првото свечено доделување на медали присувствуваше и претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, кој е и почесен претседател на Европското првенство и ги додели медали во дисциплината К1 жени.

Вчера и денеска се одржаа натпреварите во дисциплината спринт на диви води, традиционално на кајакарската патека на реката Треска.

Македонската репрезентација на шампионатот броеше вкупно седум натпреварувачи, а наш најдобар натпреварувач е Љубомир Спасиќ кој на ова Европско првенство заврши како 17.

Кајакарската федерација на Македонија се покажа како одличен домаќин, а воедно за организаторите беше доделена и плакета од страна на потпретседателот на Европската кајак асоцијација Мирослав Хавиер за успешно реализирано ЕП. Плакетата ја прими претседателот на КФМ, Коста Ефтимов кој се заблагодари на сите учесници, а воедно порача дека со некои од учесниците ќе има повторна средба и наредна година кога кајакарската федерација на Македонија повторно ќе биде организатор на Европско првенство за јуниори и сениори до 23 години.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он