Заврши Евробаскетот за Адам Ханга

Од:

Кошаркарот на унгарската репрезентација Адам Ханга нема да настапи на преостанатите натпревари од Европското првенство.

Првата ѕвезда Унгарија, играчот на Реал Мадрид на вчерашниот натпревар против Франција ја повреди тетивата.

„Повторно ја истегнав тетивата. Не играв против Словенија бидејќи ја повредив против Босна и Херцеговина и се обидов да се опоравам за следните натпревари. Оваа повреда ја влечев цела сезона. Математички турнирот го завршивме со овој пораз, па мечот со Французите беше последен за мене. Нема да играм во преостанатите натпревари“, изјави Ханга.

Ханга имаше просек од 17 поени на првите три натпревари на Унгарците, но тоа не им значеше многу бидејќи доживеаја порази од БиХ, Словенија и Франција.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Полјаците ги „спакуваа“ Дончиќ и Словенците!

Фонтекио „трагичар“ на Италија, Французите во полуфинале на Евробаскетот

Ниту Јокиќ не е доволен – Италијанците ги „нокаутираа“ првите фаворити Србија!

Црногорците преку Грузија со осминафинален билет на Евробаскет

Литванците со триумф над БиХ се протнаа во осминафиналето на Евробаскет

Црногорците лути откако загубија во драма против Турција

Горан Наумовски