Започнуваат четвртфиналните пресметки во Лигата на шампионите

Од:

Во најквалитетното клупско европско фудбалско натпреварување – Лигата на шампионите вечерва на програмата се првите два натпревара од четвртфиналната фаза.

Кај ПСЖ во Париз на „Паркот на Принцовите“ ќе гостува Барселона која важи за прв фаворит за освојување на шампионскиот трофеј. На вториот денешен дуел, во Минхен на „Алијанц Арена“ Баерн ќе го пречека Јувентус.

И двете екипи на овој меч влегуваат по сигурни игри и победи во последното коло од домашните првенства.

Баварците со убедливи 9:2 против Хамбургер покажаа дека се наоѓаат во одлична голгетерска форма, додека Јувентус со гостинската победа над Интер со оптимизам влегува во четвртфиналето од ЛШ, првпат по подолга пауза.

Двајцата тренери пред натпреварот се доста претпазливи и со пофални зборови за играта на противникот.

– Јувентус е цврста екипа која игра дисциплинирано, со многу трчање, а „мотор“ на екипата е Андреа Пирло кој одлични ги разигрува соиграчите. Овој Јувентус за разлика од тој од пред неколку години е многу поразличен со друг стил на игра и тоа очигледно им носи многу добри резултати, истакна Јуп Хејнкес тренерот на германскиот тим.

Неговиот колега од спротивниот табор улогата на фаворит му ја препушти на Баерн.

– Пред почетокот на сезоната не верував дека во април ќе се наоѓаме на чекор до одбрана на титулата во Серија А и во четвртфинале на ЛШ. Имаме многу тежок противник кој е фаворит во овој двомеч, но ние ќе се обидеме да го изненадиме моќниот Баерн, изјави тренерот на Јувентус Антонио Конте.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска