Започнува германско-шпанската битка за финалето во Лигата на шампионите

Од:

Во Минхен вечерва од 20 часот и 45 минути со натпреварот во кој Баерн ќе биде домаќин на Барселона, започнуваат полуфиналните натпревари во фудбалската Лига на шампиони.

Во Лигата на шампионите Баерн и Барселона досега се сретнале само еднаш. Пред четири години на реваншот во Минхен беше 1:1, а на првиот дуел победи Барселона со 4:0.

Баерн на последните 20 натпревари против шпанските екипи во европските купови одиграни пред својата публика има само еден пораз, од Депортиво Ла Коруња, која во групната фаза од натпреварите во сезоната 2002/2003 славеше победа со 2:3. На останатите средби германскиот тим има 14 победи и пет нерешени.

Од друга страна, Барселона на последните осум гостувања во Германија (од 2001 година) нема загубено.

Ова е втора сезона во низа Баерн во полуфиналето да има противник од Шпанија, откако лани за место во финалето успеа да го елиминира Реал Мадрид.

Двата тима досега по четири пати ја освојувале титулата европски шампион.

Утре се игра втората германско-шпанска пресметка. Во Дортмунд, Борусија го пречекува Реал Мадрид.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска