Во регионалната кошаркарска АБА лига вечерва започнува финалната серија.
За трофејот, во можеби последната сезона на АБА лигата, ќе се борат српските екипи Црвена Звезда и Мега Лекс.
Црвено-белите ќе ја имаат предноста на домашниот терен, па првите два меча, како и евентуалната мајсторка ќе се играат во Белград, додека на третиот и четвртиот натпревар домаќин ќе биде екипата на Мега лекс.
Шампионскиот трофеј ќе го освои екипата која прва ќе оствари три победи.
Вечерашниот прв дуел меѓу Црвена Звезда и Мега Лекс ќе започне од 19 часот.