Екипата на ППД Загреб го совлада словенечкиот тим Цеље Пивоварна Лашко со 29-28 (14-11) во второто полуфинале од регионалната СЕХА лига, одиграно синоќа во „СЦ Јане Сандански“.
Хрватскиот тим одигра подобар натпревар, постојано водеше, а во еден момент имаше и плус шест (20-14) во вториот дел, но словенечкиот тим не се откажуваше и го доведе натпреварот до неизвесна завршница. Клучниот гол беше дело на Домагој Павловиќ, кој на 20 секунди пред крајот го направи резултатот 29-27 и со тоа обезбеди финале на својот тим.
Токму Павловиќ со седум гола беше најпрецизен кај победничкиот тим, а кај Целје одличен дуел одигра Мачковшек со шест гола.
Финалето меѓу Вардар и ППД Загреб ќе се игра утре од 20:15 часот, а претходно Цеље и Мешков Брест ќе играат за третото место