Хрватските екипи Задар и Цибона синоќа ги загубија своите натпревари во рамките на 5.коло од регионалната кошаркарска АБА лига и сега имаат најлош скор со само една победа и четири порази.
Задар на свој терен загуби од Мега Лекс, додека Цибона беше убедливо поразена на гостувањето кај Металац.
Постигнати резултати:
Задар – Мега Лекс 76:81,
Металац – Цибона 77:61.
Претходно:
Тајфун – Будуќност 61:80,
Цедевита – Црвена звезда 74:72,
Олимпија – Крка 80:50.
Колото ќе биде комплетирано денеска за кога е закажан и дуелот на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром против Игокеа (почеток 17 часот). Освен овој дуел денес играат Партизан и Сутјеска (почеток 21 часот).
На првите три места на табелата со ефект 4-1 (победи-порази) се екипите на Црвена звезда, Будуќност и Цедевита.