Забраната за Русите и Белорусите на Вимблдон ќе важи и следната година?

Од:

Челниците на Вимблдон, најпрестижниот турнир во светот на тенисот, ќе ги задржат постоечките забрани за руските и белоруските тенисери и за следното Грен слем издание во Лондон, доколку продолжи руската инвазија на Украина.

Многубројни прашања се отворија поради одлуката на челниците на турнирот во Ол Ингланд клубот да им го забранат настапот на Белорусите и Русите. Одлуката потоа предизвика реакција од АТП и ВТА, поради што не беа доделени бодови за двете рангирања на овогодишниот Вимблдон.

Но, раководството на Вимблдон соопшти дека одлуката нема да биде сменета и за следното издание на турнирот доколку не заврши војната во Украина, пишува „Дејли мејл“.

Има уште многу време до носењето на одлуката, таа ќе биде донесена во март следната година, но очигледно би можела да остане на сила.

Инаку, раководството на турнирот се води од она што беше кажано претходниот ден, а тоа се најави од Меѓународниот олимписки комитет, кој ја разгледува можноста да им забрани на спортистите од Русија и Белорусија да настапат на ОИ во Париз во 2024 година.

„На спортистите од Русија и Белорусија можеби нема да им биде дозволено да се натпреваруваат на Олимпијадата во Париз во 2024 година поради руската инвазија на Украина“, изјави високиот член на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Крег Риди.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Чешката тенисерка Маркета Вондроушова го освои Вимблдон и стигна до првиот Грен слем во кариерата

Горан Наумовски

Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на Вимблдон

(ВИДЕО) Пропуст на Вимблдон: Упаднаа активисти на теренот

Кирјос: Не жалам, загубив од најголемиот на сите времиња

Предраг Петровиќ

Правила за руските и белоруските тенисери на Вимблдон

Кирјос урна традиција стара 140 години

Горан Наумовски