Кирјос урна традиција стара 140 години

Од:

Ник Кирјос не успеа да го освои Вимблдон во своето прво Грен слем финале во кариерата. Сепак со еден потег контроверзниот Австралиец, успеа да урне традиција долга 140 години.

dobivaj vesti na viber

Познато е дека на правило на Вимблдон е дека тенисерките и тенисерите мора да играат во целосно бела облека.

Кирјос во најголем дел од турнирот го почитуваше правилото, исклучок е мечот со Брендон Накашима кога носеше црвени патики, поради што беше парично казнет.

Правилото втор пат не го испочитува на доделувањето на пехарите. На главата имаше капа во црвена боја.

На тој начин тој ја прекрши традицијата стара 140 години, со црвена капа го прими пехарот од рацете на војвотката од Кембриџ.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Забраната за Русите и Белорусите на Вимблдон ќе важи и следната година?

ВИДЕО: Ѓоковиќ го изненади принцот Џорџ, му го даде пехарот од Вимблдон

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Новак Ѓоковиќ е кралот на Вимблдон

Катерина Павлова-Николовска

Елена Рибакина го освои Вимблдон

Британските медиуми пред финалето со навреди за Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга

Предраг Петровиќ

Прво изненадување на Вимблдон