Правила за руските и белоруските тенисери на Вимблдон

Од:

Руските и белоруските тенисери ќе можат повторно да се борат за трофејот на овогодинешниот Вимблдон, но ќе мора да почитуваат одредени правила на третиот Грен слем турнир во сезоната. Тие беа суспендирани од Вимблдон минатата сезона по руската инвазија на Украина, а нивното учество оваа година зависеше од потпишувањето на декларација за неутралност, објави денеска Би-Би-Си.

Тоа значи дека тие не можат да изразат поддршка за инвазијата, ниту за рускиот претседател Владимир Путин или неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.

Тие не можат „да носат било каков предмет што содржи слика, симбол, знаме, ознаки“ што може да укаже на поддршка за војната или рускиот и белорускиот режим.

На тенисерите исто така не им е дозволено да добиваат средства од тие земји, како и од компании управувани или контролирани од поединци кои се под санкции.

Секој играч кој носи руски или белоруски фудбалски дрес, исто така, може да биде санкциониран, особено ако тоа е дрес на воен клуб како московската ЦСКА, објави Би-Би-Си и потсети на случајот кога Анастасија Потапова доби официјално предупредување од ВТА затоа што беше на турнир во Индијана Велс каде го носеше дресот на Спартак Москва.

Сите овие правила, како што пишува Би-Би-Си, важат и за сите членови на тениските тимови. Исто така, навивачите кои ќе присуствуваат на Вимблдон треба да бидат свесни дека руските и белоруските знамиња ќе бидат забранети на трибините, пишува Би-Би-Си.

Вимблдон започнува на 3 јули.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков