Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, на играчите им ја соопштил висината на наградата што би ја добиле за евентуално освојување на престижното натпреварување Лигата на шампионите.
Во случај на успех, секој фудбалер на „кралскиот клуб“ кој ќе се појави на теренот ќе добие награда од 500 илјади евра.
Оваа година во споредба со ланската, премијата е зголемена за 200 илјади евра.
Реал се наоѓа меѓу 16.те најдобри во ЛШ, а во осминафиналната фаза за противник го има англискиот претставник Манчестер Јунајтед. Првиот дуел се игра во Мадрид на 13 февруари, а реваншот е во Манчетсер на 5 март.