За Нејмар заврши Копа Америка

Од:

Капитенот на бразилската репрезентација, Нејмар нема да игра до крајот на континенталниот фудбалски шампионат на Јужна Америка. Најдобриот играч на „кариоките“ доби четири меча суспензија, што значи дека дека Бразил дури и да игра во финалето на турнирот, Нејмар нема да може да биде во составот.

Предводникот на Бразил беше исклучен во второто коло од групната фаза, против Колумбија. По завршување на дуелот, напаѓачот нервозно ја шутна топката во телото на еден противнички играч, а потоа со главата се обиде да удри друг фудбалер. Колумбија на оваа средба победи со 1:0.

Дисциплинската комисија на Копа Америка, реши дека однесувањето на Нејмар било многу непримерно, па затоа го казни ригорозно, односно му даде суспензија, која значи и крај за бразилскиот капитен на ова натпреварување. Бразилецот е казнет и со 10.000 евра парична казна.

Би можело да ве интересира

Копа Америка ќе се игра во САД

ВИДЕО: Меси замолкна соиграч кога почна да пее песна навредлива за Бразил и Пеле

Жарко Настоски

Меси играл повреден во финалето на Копа Америка

Ана Ололовска

Аргентина ја освои Копа Америка

Ана Ололовска

Нејмар и Меси прогласени за најдобри играчи на Купот на Америка

Ана Ололовска

Колумбија го победи Перу во меч за третото место во Купот на Америка

Ана Ололовска