Меси играл повреден во финалето на Копа Америка

Од:

Аргентинскиот селектор Лионел Скалони му оддаде признание на Лионел Меси, обелоденувајќи дека капитенот настапил повреден во триумфот (1:0) над Бразил во финалето на Копа Америка во Рио де Женеиро.

– Ако знаете што се поднесуваше и начинот на кој го одигра Копа Америка ќе го сакате уште повеќе, им изјави Скалони на новинарите по победата на Аргентина на стадионот „Маракана“.

– Никогаш не можете да играте без фудбалер како него, дури и кога не е во најдобра форма или е повреден, додаде Скалони, кој не изнесе повеќе детали за повредата на Меси во ноќта кога Аргентинците масовно излегоа на улиците за да ја прославата првата титула по пауза од 28 години.

Меси и неговиот поранешен соиграч во Барселона, Бразилецот Нејмар, ја поделија нагрaдата најдобар фудбалер на Јужноамериканското првенство.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот