Колумбија го победи Перу во меч за третото место во Купот на Америка

Од:

Репрезентацијата на Колумбија го освои 3. место во Купот на Америка 2021 година. Колумбијците ноќеска го победија Перу со 3:2.

На крајот на првото полувреме, Перуанците поведоа со голот на Јошимар Јотун. По паузата, Хуан Куадрадо го изедначи резултатот. Во 66. минута Луис Дијаз го постигна вториот гол за Колумбијците, но Џонатан Лападула успеа да изедначи во 82. минута. Победата за Колумбија ја обезбеди Дијаз со својот втор погодок постигнат во четвртата минута од судиското надополнување.

Во финалето на турнирот вечер во 2 часот по полноќ ќе играат репрезентациите на Бразил и Аргентина.

Би можело да ве интересира

Копа Америка ќе се игра во САД

ВИДЕО: Меси замолкна соиграч кога почна да пее песна навредлива за Бразил и Пеле

Жарко Настоски

Меси играл повреден во финалето на Копа Америка

Ана Ололовска

Аргентина ја освои Копа Америка

Ана Ололовска

Нејмар и Меси прогласени за најдобри играчи на Купот на Америка

Ана Ололовска

Аргентина на пенали преку Колумбија до финалето во Купот на Америка

Ана Ололовска