(ВИДЕО) За него заврши Мундијалот, а можеби и кариерата: Прво обраќање на несреќниот Саудиец од болница по страшната повреда

Од:

Саудиска Арабија е без еден играч, но на несреќниот Јашер Ал Шарани не му е важна тешката повреда – му е важно што Аргентина беше поразена.

Накратко, вака може да се опише првото обраќање на Саудиецот од болничкиот кревет  по страшната повреда.

Мундијалот заврши за Ал Шарани, а можеби и неговата кариера. Рентген на главата покажа скршена вилица и коски на лицето. Поради ова, несреќниот фудбалер утрово е префрлен во Германија на понатамошно лекување.

Ал Шарани накратко и се обрати на нацијата, сакајќи да им се заблагодари на сите за поддршката, но и да изрази колку му значи победата на неговата Саудиска Арабија над Аргентина – 2:1 во овие болнички услови.

Победата секако ги лекува раните, но повредата воопшто не е лесна.

За да ја шутира топката, голманот на Саудиска Арабија во целото трчање го удри во глава Ал Шарани и скокна со колено и буквално го нокаутираше.

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата