За логоата на комбинезонот на Хамилтон компаниите платија 128 милиони евра

Од:

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, во новата сезона ќе го носи најскапиот комбинезон во историјата на овој спорт.

На неговото одело ќе стојат логоата на 12 спонзори кои за рекламирањето ќе издвојат 128 милиони евра.

Хамилтон неодамна го промовираше комбинезонот со кој ќе вози сезонава, а најголем спонзор му е малезиската нафтена компанија „Петронас“ со 57 милиони евра. Втор е „Мерцедес“ кој ќе издвои 34 милиони евра.

Освен главните спонзори има и повеќе помали спонзори чии суми ја дополнуваат бројката до 128 милиони евра.

Како споредба со бројките во Формула 1, дресот на Манчестер сити има само три спонзори кои плаќаат 108 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

Хамилтон договори со Мерцедес годишна плата од 64 милиони долари

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин