Вугринец го напушта Металург

Од:

Македонскиот репрезентативец Ренато Вугринец кариерата ќе ја продолжи во катарскиот клуб Лахвија од Доха.

Досегашниот член на Металург трансферот во Катар го договорил за време на Светското првенство во оваа земја на кое настапуваше и Македонија. Словенецот со македонски пасош ги прифатил понудените услови и ставил потпис на петмесечен договор со Лахвија.

Неизвесноста со иднината на Металург е причината и други играчи од македонскиот шампион во најскоро време да преминат во нова средина. Најблиску до трансфери по прикажаните игри на СП се крилата Гоце Георгиевски и Дејан Манасков, како и Филип Миркуловски.

Металург во првата недела од февруари според распоредот го очекуваат три настапи во СЕХА лигата. Останува да се види дали и со каков состав металурзи ќе настапат на овие натпревари.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ