Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе го освои второто место на првата трка на патеката во Нирбургринф во рамки на ЕТЦЦ шампионатот. Со овој пласман тој го обезбеди првиот подиум оваа сезона.
Првото место во првата денешна трка го освои Петр Фулин од Чешка, додека зад нашиот возач се пласира Фабио Мота од Португалија.
Стефановски на стартот од трката беше во вториот ред откако во квалификациите имаше четврто место и со одличното возење успеа да го подобри својот пласман за две места.