Нова трагедија на рели трките: Двајца Шпанци со возилото се забија во дрво

Од:

Неколку дена по трагичната смрт на Крег Брин за време на тестовите во пресрет на релито WRC Хрватска, светот на автомобилизмот го погоди нова шокантна вест.

Хулио Цезар Кастриљо и неговиот совозач Франциско Хавиер Алварез загинаа на шестиот брзински тест на релито Вила де Тинео во Шпанија.

Тие први излетале од патот со голема брзина и се забија во дрвја. И покрај високите безбедносни стандарди немало спас за нив.

Легендарниот шпански Формула 1 возач Фернандо Алонсо им оддаде почит на своите сонародници.

“Колку е тажно за целото семејство на автомобилски трки да знае што се случи на релито Вила де Тинео. Моето сочувство и сета моја љубов до семејствата на Хулио Цезар Кастриљо и Франциско Хавиер Алварез. Почивај во мир”, напиша Алонсо на социјалните мрежи.

Последна почит на загинатите им оддаде и поранешниот светски шампион во рели Карлос Саинц (61).

„Ова е уште еден тажен ден за семејството на релито. Нашиот спорт понекогаш не потсетува колку може да биде тешко. Моето најдлабоко сочувство до семејствата на Хулио Цезар Кастриљо и Франциско Хавиер Алварез“, напиша Саинз.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пијан возач упадна на рели трка во Хрватска, ќе се судреше со натпреварувач

ВИДЕО: Се степаа на рели патека, едвај се спасија пред автомобил кој се движеше со голема брзина

Ана Ололовска

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: На нелегална улична трка, возач влета во група гледачи и побегна

ВИДЕО: Ги покажа градите на релито – возачот излета од патеката

Предраг Петровиќ

Давидовски ќе стартува од прв ред на последната трка од светско

Ана Ололовска