Второ меѓународно рели со џипови „Македонски трофеј“

Од:

Со собирањето во центарот на Прилеп и со официјалниот старт на полигонот за екстремни спортови кај прилепско Старо Лагово, почна дводневниот меѓународен рели натпревар со џипови „Македонски трофеј“. Организатор вторпат е клубот „Оff road Prilep“ под покровителство на општина Прилеп.

Пред стартот на денешното натпреварување на булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на Прилеп пристигнаа околу 200 учесници од Бугарија, Србија, Грција, Косово, Албанија и од Македонија. На отворањето на меѓународниот натпревар Панче Чупаркоски, претседател на клубот „Оff road Prilep“ рече дека ова е единствена манифестација од ваков вид во Македонија и додаде оти очекува натпреварувачите да поминат одлични екстремни трки денес и утре, да се дружат и да разменат искуства.

– Денеска се возат 30 километри преку селото Селце и месноста Шаторов Камен под Селечка планина. Се вози по пат на книга која ја чита совозачот. Се вози во три категории: трофи, адвенчр и туристичка од кои најекстремна е трофи категоријата за која се потребни многу специјална опрема и умешност. Утре се вози затворена трка на полигонот кај Старо Лагово во должина од 4 километри. Овој вид натпреварување, единствено во Македонија, го вброи Прилеп во град на екстремните спортови зашто ги има и други, а Македонија е на мапата на интересни туристички дестинации, потенцира Чупаркоски.

Поддржувач на манифестацијата е Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија.

– Агенцијата ги поддржува екстремните спортови бидејќи авантуристичкиот туризам е тренд во светот, а тоа и оди во прилог на Македонија бидејќи е оаза која ги нуди сите видови авантуристички туризам, рече Живка Цветкоска Андоновска од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија.

Ваквиот начин на туризам, како што рече, е многу подоходовен за Македонија бидејќи, според истражувањата, 74 отсто од сите финансиски трошоци што ги прават туристите кај нас, остануваат кај локалното население што не е случај со масовниот туризам.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка на рели: Автомобил влетал во публика, загинал навивач, а 14 други се повредени

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пијан возач упадна на рели трка во Хрватска, ќе се судреше со натпреварувач

ВИДЕО: Се степаа на рели патека, едвај се спасија пред автомобил кој се движеше со голема брзина

Ана Ололовска

Нова трагедија на рели трките: Двајца Шпанци со возилото се забија во дрво

Горан Наумовски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: На нелегална улична трка, возач влета во група гледачи и побегна