Со одигрувањето на осумте натпревари синоќа се комплетира 2.коло од Лигата на шампионите и во групите А, Б Ц и Д. Втори победи забележаа европскиот првак Реал Мадрид и германскиот претставник Борусија Дортмунд по што овие две екипи му се приклучија на Баерн Минхен кој беше единствениот со максимален ефект по двете рунди.
Постигнати резултати и табели во првите четири групи:
А група: Атлетико Мадрид – Јувентус 1:0 и Малме – Олимпијакос 2:0.
Табела: Јувентус 3 бодови, Атлетико Мадрид 3, Малме 3, Олимпијакос 3.
Б група: Базел – Ливерпул 1:0 и Лудогорец – Реал Мадрид 1:2.
Табела: Реал Мадрид 6 бодови, Ливерпул 3, Базел 3, Лудогорец 0.
Ц група: Зенит – Монако 0:0 и Баер Леверкузен 3:1.
Табела: Зенит 4 бодови, Монако 4, Баер Леверкузен 3, Бенфика 0.
Д група: Арсенал – Галатасарај 4:1 и Андерлехт – Борусија Дортмунд 0:3.
Табела: Борусија Дортмун 6 бодови, Арсенал 3, Галатасарај 1, Андерлехт 1.
Следува дваесет дневна пауза во елитното натпреварување поради настапи на репрезентациите во квалификациите за Европското првенство.