Кошаркарите на Цедевита и Црвена Ѕвезда, во Загреб вечерва од 20 часот, ќе ја започнат втората пресметка во полуфиналето на регионалната АБА лига.
Во дуелот на двата тима кои играа во елитната Евролига, хрватскиот шампион ќе мора да оствари победа доколку сака да ги сочува шансите за пласман во финалето. Имено, црвено-белите од Белград, го добија првиот меч, па за место во финалето потребна им е уште една победа.
А во финалето, пласман веќе обезбеди екипата на Мега Лекс која во полуфиналната рунда со 2:0 во победи го елиминира најдобриот тим од регуларниот дел на сезоната црногорски Будуќност.
Доколку хрватскиот првак забележи победа, тогаш третиот решавачки меч, односно мајсторката ќе се игра во сабота (26 март) во Белград.