Втора победа за Вардар во СЕХА лигата

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар ја оствари и втората победа во СЕХА лигата. Попладнево во Брест, Белорусија „црвено-црните“ стигнаа до триумф над екипата на Мешков со 27:23 (14:14).

Вардар со победата изби на првата позиција со 7 бодови.

Во првиот дел и двете екипи се менуваа во водство, а во финишот Вардар водеше со 14:12, но му дозволи на противникот да изедначи.

Во вториот дел македонскиот шампион постојано водеше и го зголемуваше водството, кое во 59.минута беше и највисоко (27:22).

Најефикасен кај Вардар беше Алекс Душебаев со 5 голови со максимална реализација. По 4 голови постигнаа Филип Лазаров и Тимур Дибиров.

На голот на Вардар во првиот дел беше Алдаве Малумберс 10 одбрани, а во вториот дел повратникот во тимот Петар Ангелов – 6 одбрани.

Вардар следниот натпревар го игра на домашен терен на 2 октомври во Скопје, а вториот македонски тим во СЕХА лигата Металург на 1 октомври гостува кај Борац.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП