Втор пораз за македонските кошаркари во евро-квалификациите

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација го доживеа вториот пораз во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2021. „Црвено-жолтите“ попладнево загубија во Перм на гостувањето кај Русија со 77:67.

Избраниците на селекторот Александар Тодоров добро го орворија мечот и ја добија првата четвртина со 20:19. Во вториот период домаќините постигнаа 19, а нашите 16 поени, па на полувреме со отиде со резултат 38:36 за фаворитот.

Голема борба се водеше и во второто полувреме. Рустите го контролираа резултатот, но не успеаја да се одлепат, а во 38. минута македонските кошаркари се доближија на минус три (70:67), но „зборнаја“ не дозволи изненадување и на крајот се радуваше на првиот успех во овие квалификации.

Во вториот натпревар од 2.коло во Б-групта, вечерва играат Естонија и Италија.

Би можело да ве интересира

Пелистер му го нанесе првиот пораз на Работнички

Ана Ололовска

Кошаркарите на Ангели од Кисела Вода го потврдија првото место во Втора лига – Исток

Ана Ололовска

Четири квалификациски и еден финален турнир во зимската „3х3 Macedonia“

Ана Ололовска

Македонските кошаркари останаа на 53. место на ФИБА листата

Одложен натпреварот на македонската кошаркарска репрезентација со италијанската селекција

Ана Ололовска

Проблеми за селекторот Тодоров, Младеновски позитивен, неизвесни Трајковски и Вајли

Ана Ололовска