Втор пораз за Аталанта во ЛШ

Од:

Аталанта остана без бод во нивниот втор натпревар во Лигата на шампионите, откако дозволи доцен пораз од 1-2 против Шахтјор Доњецк.

Средбата во групата „Ц“ на најпрестижниот европски клупски турнир започна лошо за тимот од Бергамо, кој промаши пенал преку Иличиќ 25 минути по почетокот на мечот.

Сепак, пред да поминат половина час, домаќините го отворија резултатот кога Дуван Запата ја матираше одбраната на гостите. Во 41. минута, сепак, Жуниор Мораеш го израмни резултатот.

Кога сите помислија дека средбата ќе заврши нерешено, во петтата минута од додаденото време Шахтјор украде три поени по голот на Соломон. Интересно е што ова се случи по брз контранапад, во моментот кога Аталанта бараше победа.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска