Втор „Бланик куп“ на спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово

Од:

Дванаесет едриличари од клубови од Куманово, Скопје, Штип, Битола и Прилеп, денеска учествуваа на вториот „Бланик куп“ кој се одржа на кумановскиот спортски аеродром Аџитепе. Натпреварот го организираат Воздухопловната федерација и аероклубот Куманово.

– Оваа година се одржува како републички натпревар, поради состојбата со коронавирусот. Ова е втор „Бланик натпревар“ и ние се трудиме како аероклуб да биде традиционален меѓународен натпревар. Клубот успева да ги решава финансиските тешкотии преку донатори, преку членови на клубот, успеваме да се одржиме во овие тешки времиња, некои фирми учествуваат како спонзори на натпреварот. Клубот оди во нагорна линија, годинава успеавме да земеме две-три едриличарски дозволи и обучуваме еден пилот за авион. Перспективата е дека ќе се движиме нагоре, изјави Никола Петковски, претседател на клубот.

Даниел Стојчевски од општина Куманово, вели дека е задоволство што на подрачје на Куманово се одржува натпревар кој предизвикува интерес кај пошироката јавност и особено сега кога се одржува на отворен простор и се надева дека купот ќе прерасне во традиција со поддршка на општината.

Билјана Еверет од воздухопловната федерација изрази задоволство од организацијата на купот.

– Ова е голема можност за спортистите, иако годинава не можеме да организираме меѓународен натпревар, но може да се организира државен. Има многу млади учесници кои првпат учествуваат, но и искусни спортисти. Државата треба да обрне внимание за спортските аеродроми, местата околу аеродромите се запуштени, има смет, потребно е да си ги препознаеме сопствените потенцијали и да поработиме малку повеќе на нив, вели Еверет.

Бобан Милановски и Ненад Давидовиќ членови на аероклубот се надеваат дека едриличарството ќе се врати во полн сјај не само во градот, туку и државата.

Кумановци уживаа во овој натпревар за прецизно слетување на едрилиците на пистата. Купот е возобновен по скоро две децении. Пистата на спортскиот аеродром Аџитепе е долга 1,2 километри. Учесниците се натпреваруваат во прецизно слетување на пистата на што покусо растојание, објаснуваат долгогодишните инструктори и оној со најкусо растојание постигнува најдобри резултати.

Би можело да ве интересира

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Трка со совладување пешадиски препреки во Леуново

Ана Ололовска

„Спорт за сите“ – Спортски саем во Скопје

Ана Ололовска

Препорака до радиодифузерите најдоцна до 31 декември да воведат коментирање на македонски и на албански јазик

А1он

Косовски министер за спорт: Наскоро одлука за забрана на српски паралелни спортски активности

А1он