Во второто коло елиминирана Кенин, бранителката на трофејот на Австралија опен

Од:

Австралија опен ќе добие нов шампион во женска конкуренција, откако ноќеска американската тенисерка Софија Кенин во 2. коло на загуби од Каја Канепи со 3:6 и 2:6.

– Не знам што ми се случи. Јас едноставно не можам да го фатам својот ритам. Но, не треба да се потценуваат заслугите на Канепи, денес таа беше навистина добра, нејзините удари беа скоро совршени, изјави Кенин по поразот.

Следен противник на Канепи ќе биде Хрватката Дона Векиќ, која ја победи Аргентинката Надија Подороску во два сета – 6:2, 6:2.

Дваесет и двегодишната Кенин минатата година во финалето на Грен слемот во Мелбурн ја победи Ешли Барти со 7:6, 7:5.

Би можело да ве интересира

Клајстерс: Викендов ќе се вратам на теренот

Ана Ололовска

Барти го освои вториот Грен слем турнир во кариерата

Ана Ололовска

Гаф е единствената тенисерка која сервираше со над 200 км на час на Вимблдон

Ана Ололовска

Сѐ е спремно за финишот на женскиот Ролан Гарос, финалистките првпат ќе си ги одмерат силите

Жарко Настоски

Андреску се повлече од турнирот во Стразбур поради проблеми со стомачните мускули

Ана Ололовска

Свјонтек без загубен гем триумфираше во финалето на мастерсот во Рим

Ана Ололовска