Австралиските власти бараат докази од Ѓоковиќ за медицинската потврда

Од:

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави денеска дека најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе мора да докаже дека медицинската потврда со која е ослободен од обврската за вакцинирање против коронавирус ја добил на автентичен начин, или, во спритвно ќе биде вратен дома со првиот авион.

dobivaj vesti na viber

– Доколку не добиеме доволно докази, кон него ќе се однесуваме како кон кој било друг, односно со првиот авион ќе биде вратен дома. Нема да има никакви посебни правила за Ѓоковиќ, изјави Морисон, по средбата со претставници на австралиските сојузни држави, на која било разговарано за рекордните бројки заразени со коронавирус во земјата.

Реакцијата на Морисон иследи откако Тениската федерација на Австралија и Владата на државата Викторија објавија дека Ѓоковиќ немал никаков посебен третман за да добие лекарска потврда со која се ослободува од вакцинирање против Ковид-19, што е услов кои ќе настапат на претстојниот грен – слем турнир Австралија Опен. Надлежните рекоа дека Ѓоковиќ бил еден од ретките, вкупно 26-мина, кои побарале и добиле лекарско изземање за вакцинација.

Ѓоковиќ денеска треба да пристигне во Мелбурн во надеж дека на крајот сепак, ќе може да настапи на првиот календарски грен – слем и во случај на триумф да стане апсолутен светски рекордер со 21 титла на големите турнири.

Би можело да ве интересира

„Врската“ меѓу Федерер и Новак влезе во нова фаза: По 12 години, Роџер го заследи Ѓоковиќ на социјалните мрежи

А1он

Новак: Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина

А1он

(ВИДЕО) Сензација во Дубаи: Ѓоковиќ изгуби од 123 тенисер во светот

А1он

Ѓоковиќ: Ќе се откажам од трофеите, но нема да се вакцинирам

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ѓоковиќ се насмеа до солзи на виц за Надал и Федерер

Ана Ололовска

Чешката тенисерка која беше во истиот хотел со Ѓоковиќ депортирана од Австралија

Ана Ололовска