Во Москва денеска ќе се одржи ждрепката за групите за Светското првенство во фудбал во 2018 година во Русија.
Во првиот шешир се : Русија, Германија, Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска и Франција.
Втор шешир: Перу, Шпанија, Швајцарија, Англија, Колумбија, Мексико, Уругвај и Хрватска.
Трет шешир: Иран, Сенегал, Египет, Тунис, Шведска, Костарика, Данска и Исланд.
Четврти шешир: Србија, Нигерија, Австралија, Јапонија, Мароко, Панама, Јужна Кореја и Саудиска Арабија.
Ќе има осум групи по четири репрезентации.
Свечената церемонијата, како и ждрепката за СП ќе се одржи во Кремљ.
Мундијалот во Русија ќе се игра од 15 јуни до 14 јули 2018. Бранител на трофејот е Германија, а за првпат на завршницата ќе настапат Исланд и Панама.