Трендафилов: Партијата на власт планира да ми ја скине главата

Од:

Не знаев дека сум толку јак да ја обединам целата опозиција да застане зад мене, а власта која планира „да ми ја скине главата“ рече на прес конференција претседателот на Созјузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов одговарајќи на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека е во координација со СДСМ, ДИУ и Левица околу барањата за минималната плата.

Тврди дека власта намерно ги повлекла членовите на Комисијата за утврдување репрезентативност со цел да се блокира процесот за зголемување на минималната плата.

ССМ вели Трендафилот во декември ги поднело документите за потврдување репрезентативност, а потоа од јануари според него биле повлечени членовите на Комисијата.

– Огромен е притисокот на вработените и на синдикалците во јавниот сектор, се прават притисоци работниците да се приклучуваат кон други синдикати за да се намали репрезентативноста на ССМ, рече Трендафилов.

Тој вели дека во ниту една демократија, туку само во случаи како Белорусија, власта политички ја напаѓа синдикалната организација само затоа што побарала минимална плата да се зголеми на 500 евра.

– Со наредби на нивните директори, раководители и шефови полтрони да прават упади во синдикалните организации и да го наметнат КСС (Конфедерација на слободни синдикати) наместо ССМ, за да нема зголемување, на минималната плата и да се прифатат 24.400 денари, рече Трендафилов.

Тој рече дека за ова ќе бидат известени Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати, а донесена е и одлука седниците на ССМ да се одржуваат на отворено пред Владата и работодавачите.

– ССМ очекуваше Владата да има разбирање, меѓутоа тоа што го добивме се ниски напади од ВМРО-ДПМНЕ, што е недопустливо во демократско општество, додаде Трендафилов кој рече дека власта во моментов бара синдикален партнер „по мерка“ и сака да го исклучи ССМ од Економско-социјалниот совет.

Тој рече дека најверојатно на 2 и 7 април и на 2 мај ќе се одржи предупредувачки протест.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Синдикатот алармира до работодавачите: Заштитете ги работниците од топлотниот бран

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик