Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Од:

Повеќе од 12 национални фудбалски асоцијации ја известија УЕФА за нивните планови да се повлечат од ФИФА која сака Светското првенство на секои две години, објави „Асошиетед прес“.

Според изворот, евентуалното повлекување од Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), нема да влијае на учеството на клубовите и репрезентациите на турнирите под покровителство на европската федерација.

Претходно, ФИФА ги извести националните федерации за плановите за одржување на Светското првенство на секои две години, почнувајќи од 2026 година.

Од 1930 година, Мундијалите се одржуваат на секои четири години, со исклучок на 1942 и 1946 година поради Втората светска војна.

Претстојните турнири ќе се одржат во Катар (2022 година), како и во Канада, Мексико и САД (2026 година).

Би можело да ве интересира

ФИФА го одби барањето на Зеленски да испрати порака за мир на финалето на СП

Дали ЕУ ќе ја „убие“ Европската суперлига?

Инфантино: Нема повеќе мали и големи репрезентации

Фудбалскиот сојуз на Косово ги тужи Пикси и Србија кај ФИФА

Катерина Павлова-Николовска

Дачиќ: Лицемерен потегот на ФИФА за покренување дисциплинска постапка против репрезентацијата на Србија

Ана Ололовска

ФИФА им забрани на навивачите во Катар да носат облека која потсетува на крстоносните војни

Катерина Павлова-Николовска