Со прогласување на најдобрите учесници во машка и женска конкуренција и одигрување на финални игри на градскиот стадион во Крива Паланка беше затворена годинашната летна фудбалска школа за млади „Опен фан фудбал“.
На дванаесеттото издание на „Опен фан фудбал “ учествуваа 190 дечиња од Крива Паланка на возраст од 7 до 12 години.
За петдневните активности на школата беа ангажирани дванаес ет тренери и исто толку асистенти.
Координаторот на „Опен фан фудбал“ од Крива Паланка, Бранко Величковски рече дека школата е можност да се препознае и некој нов талент, а Крива Паланка веќе има многу такви кои достојно ги бранат боите на Македонија во но и надвор од границите на државата.
Сите дечиња-учесници добија оп рема со логото на „Опен фан фудбал“, сертификати за учество и цд со фотографии за спомен.