Во Крива Паланка „Рели Калин Камен 2017“

Од:

Почна деветтата по ред спортска рели-манифестација „Рели Калин Камен“. Од централниот градски плоштад во Крива Паланка тргнаа над 120 возила, џипови, мотоцикли, теренски офф-роад автомобили кои во следниет неколку часа ќе возат под мотото „Да ги запознаеме убавините на Осоговските планини“.

Караванот возила минува по асфалтен пат до село Мождивњак, каде се продолжува кон дел од Кратовска територија, поминува кај Браната Злетовица, каде се приклучуваат учесници од Пробиштип, а од Македонска Каменица и Кочани ќе се приклучат на Царев Врв, од каде заеднички минуваат кај езерце Калин Камен, за да пристигнат попладне во манастирот Св. Јоаким Осоговски.

Организатор на настанот е Авто-мото клуб „Офф-роад Осогово“, а покровител е локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

Од „Офф роад Осогово“ истакнаа дека очекуваат дополнителни предизвици на патеката поради додждливото време.

– Се надеваме дека ова ќе биде уште една авантура со нови предизвици, особено поради временскиет услови. Ние ја поминавме комплетната стаза и ја ревидиравме, но во суво и поинакво време, така што, се на се, се очекува да биде забавно, пред се, бидејќи тоа е и целта на ревијалната трка, изјави Сашо Митровски од Авто мото клуб „Офф роад Осогово“, Крива Паланка.

На релито, како и секоја година, учествува и градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексосвки, кој рече дека и покрај дождливото време, има одличен одѕив на учесници.

– Задоволен сум од одѕивот, имаме претставници од дваесетина авто-мото клубови од повеќе градови од Македонија, како и учесници од Република Бугарија. Посакувам убав ден и добро дружење на сите учесници. Оваа манифестација е одлична можнсот за промоција на убавините на нашиот крај, рече Алексовски на стартот на релито.

Рели „Калин Камен“ се одржува на 24 Мај во чест на Денот на словенските просветители, св. Кирил и Методиј.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка на рели: Автомобил влетал во публика, загинал навивач, а 14 други се повредени

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пијан возач упадна на рели трка во Хрватска, ќе се судреше со натпреварувач

ВИДЕО: Се степаа на рели патека, едвај се спасија пред автомобил кој се движеше со голема брзина

Ана Ололовска

Нова трагедија на рели трките: Двајца Шпанци со возилото се забија во дрво

Горан Наумовски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: На нелегална улична трка, возач влета во група гледачи и побегна